×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевски: Она што го ветивме на изборите ќе го реализираме

    13.12.2016 16:51 | KumanovoNews

    Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски, вети дека во наредниот период како пратеник ќе ги застапува интересите на граѓаните на Куманово и се обврза дека она што го ветиле за изборите како партија ќе го реализираат за сите граѓани да имаат подобри услови за живот.

    Ѓорѓиевски: Она што го ветивме на изборите ќе го реализираме

    На овие избори победија граѓаните на Република Македонија, кои покажаа европски сенс, политичка култура и зрелост,  покажаа дека Македонецот знае достоинствено да гласа.Голема благодарност и до оние граѓани кои не ни ја дадоа довербата на овие избори, меѓутоа нивното негласање за нас ќе го сфатиме како опомена во нашата работа да бидеме подобри и поодговорни во наредниот период. Можам да кажам дека Куманово може да се горедее со вакви граѓани кои беа свесни за тежината на овој избирачки процес и одговорноста пред која беше Република Македонија, граѓаните ја покажаа својата зрелост,- рече Ѓорѓиевски.