Домот на пионери ќе стане градинка
Некогашната зграда на Центарот за детско творештво или Домот не пионери ќе стане детска градинка.
Ова го соопшти градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на седницата на Совет одговарајќи на советнички прашања.
Според мои сознанија пред некој ден е донесена одлука од Министерството за труд и социјална политика, некогашниот Дом на пионери да се пренамени во детска градинка. Со тоа ќе се зголемат капацитетите за сместување на децата. Исто така ќе бидат изградени нови објекти во градинаката Ангел Шајче и во училиштето Јероним Дерада во селото Черкезе, преку проект на УНИЦЕФ, - изјави Дамјановски.
Со отварањето на новите објекти ќе се реши повеќе годишниот проблем на градот за сместување на децата од предучилишна возраст во градинките.