Донација од Жито Лукс за детското одделение
26.10.2016 13:28
| KumanovoNews
Детското одделение во Кумановската болница доби донација од четири инхалатори, аспиратор, ЕКГ апарат, сточиња и масички.

Донаторската кампања е иницијатива на компанијата Жито Лукс, којашто издвојува средства од секој купен производ на компанијата на територијата на Куманово.
„ Пристигнувањето на првиот дел од донацијата во толку краток период е доказ дека сите заедно, и ние како компанија и граѓаните на Куманово се обединуваме под заедничка цел и создавање на подобри услови за лекување и престој“, изјавија од Жито Лукс.
Кампањата што започна пред еден месец, ќе се одвива и во следниот период со уште една последователна донација.