Двајца исчезнати во Куманово
02.08.2016 12:56
| KumanovoNews
Две лица од Куманово се водат како исчезнати, откако нивните семјства пријавиле во полицијата.

Во неделата, В.К. пријавил дека ден пред тоа од домот се оддалечил неговиот чичко Н.К.(54) и не се вратил.
Вчера, Д.Ш. (40) пријавил дека во саботата во непознат правец заминала неговата ќерка А.Ш.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.