Двајца мигранти заразени од хепатит
Двајца миграти заразени од хепатит се испратени на лекување во Скопје. Нивната болест е дијагностицирана од медицинските екипи во прифатниот центар Табановце.

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 3.673 странски државјани, кои влегле во државата. Од нив повеќето се мажи и деца од Сирија, Авганистан и Ирак.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека интензивно се работи на уредување на транзитно прифатниот центар Табановце. Се поставува неопходната инфраструктура и дополнителни монтажни објекти каде ќе престојуваат мигрантите при нивното транзитирање низ државата. Волонтерите од Црвениот крст и невладините организации се на терен и на сите групи бегалци им даваат храна, облека и друга неопходна помош.