Едукација на општинските изборни комисии во Куманово
30.11.2016 11:39
| KumanovoNews
Тимови на Државната изборна комисија утре во Куманово ќе одржат работилница за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред Предвремените парламентарни избори 2016 година, закажани за 11-ти декември.

На работилниците ќе биде презентиран и едукативниот видео прирачник, кој Државната изборна комисија го изготви со помош на Мисијата на ОБСЕ.
На работилниците ќе можат да присуствуваат и акредитираните набљудувачи, како и претставници на медиумите.
Работилници досега се одржаа во Скопје, Штип, Прилеп, Битола, Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и Гостивар.