×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еколошки акции на Кумановски акцијаши

    25.05.2016 10:27 | KumanovoNews

    Кумановски акцијаши заедно со жителите на ул.„Октомвриска Револуција“ станбениот објект бр.25, изведоа еколошка акција за уредување на зелената површина која се наоѓа пред зградата.

    Еколошки акции на Кумановски акцијаши

    Ова е прва од низата акции који ќе се изведат до крајот на овој месес и во текот на јуни.

    „Имено веќе на 28 мај во ОУ “Толи Зордумис“ е закажана слична акција на која покрај учениците волонтери на акцијата ќе учествуваат и нивните родители. Учесниците ќе работат на уредување на училишниот двор, исто времено ваква акција ќе има и во н.Карпош каде што ќе се работи на едно од локациите кои дополнително ќе ја определат тамошните наши волонтери, - соопштуваат од Кумановски акцијаши.

    Двете акции на 28 мај започнуваат во 10 часот, секој граѓанин без разлика на возраста може доброволно да се вклучи во акцијата.