×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Еуро Колеџ“ додели дипломи на десеттата генерација студенти

    21.12.2016 09:28 | KumanovoNews

    Првата приватна високобразовна институција во градот „ Еуро Колеџ“- Куманово влезе во историјата на кумановското образование.

    „Еуро Колеџ“ додели дипломи на десеттата генерација студенти

    Минатата сабота во просториите на Младинскиот културен центар „Козјак“ во Куманово, „Еуро Колеџ“ одржа свеченост на која беа додели дипломи на 10-та јубилејна генерација додипломци и на 1-та генерација на постдипломци. Истовремено беа доделени и специјални награди и пофалници на најдобрите студенти од сите десет генерации.  

    На свеченоста се обрати деканот на колеџот Љубиша Петрушевски, кој нагласи дека во изминатите 13 години од постоењето „Еуро Колеџ„ успеја да се изгради во глобален бренд. Притоа се заблагодари на довербата на вработените, студентите и родителите, кои веруваа во „Еуро Колеџ“ и му ја дадоа потребната подршка во изминатиот период.

    Благоја Киселоски, поранешен студент е добитник на комплетна стипендија за втор циклус на студии. Тој не го криеше своето задоволство од добиената награда.

    „Во мојот живот „Еуро Колеџ“ остави голема трага и ми помогна да пораснам и професионално и приватно. Бев многу среќен што ја добив наградата. Чест и привилегија ми е да бидам повторно студент на „Еуро Колеџ„ –изјави Киселоски.