„Еуро-спорт„ нуди единствени услови за рекреација
Спортскиот комплекс „Еуро-спорт„ единствен во градот располага со затворен фудбалски терен на вештачка трева, кој се затоплува.

Современиот спортски објект овозможува љубителите на спортот и граѓаните да се рекреираат и во зимски услови. Арена „Еуро-спорт„ постои од јули оваа година, но за кратко време стана омилено и препознатливо место во градот. Комплексот се состои од три дела: фудбалски терен на вештачка трева, дел за најмалите во кој се организираат роденденски забави и кафетерија.
Спортскиот терен првенствено се користи за потребите на децата кои тренираат во нашата фудбалска школа, но го изнајмуваме и за рекреативен спорт на граѓаните. Нудиме единствени услови во градот за фудбал, бидејќи во зимскиот период теренот е покриен со т.н. балон и се затоплува. Поради тоа има голем интерес кај граѓаните и спортистите за попладневните термини од 17 до 24 часот. Сите кои се заинтересирани можат да се јават на телефонскиот број: 075 427 388 и да резервираат термин, бидејќи има повеќе групи со постојани термини. Еден час користење на теренот изнесува 1200 денари, а за нашите посетители имаме промоции и попусти„, - вели Александар Маневски, сопственик на спортскиот центар „Еуро-спорт.
Маневски посебно е горд на фудбалската школа „Куманово Еуро-спорт„, со која има освоено значајни резултати и медали на домашни и меѓународни детски натпревари.
Формиравме Kумановска детска лига во која се натпреваруваат клубови од градот. Имаме генерации од 2006, 2007, 2008. Другите се натпреваруваат во македонските лиги. Постигнуваме одлични резултати дома и во странство. Трипати бевме во Виена, Златибор, Јагодина, планираме да одиме во Грција. Децата покрај тренажниот процес го развиваат и натпреварувачкиот дух, сите се забавуваат и физички јакнат. Овој комплекс е направен првенствено да ги тргне децата од пред компјутери и улица, за да ги насочиме кон спортот и да имаат каде да тренираат,- додава Маневски.
Во клубот работи стручен тим со квалитетни и едуцирани тренери со УЕФА Б лиценца, кои децата ги тренираат програмски и индивидуално. Деца на возраст од 6 до 15 години кои имаат талент и афинитет за фудбал можат да се зачленат во секое време во клубот.
Во нашата школа се изградија квалитени деца, како што е Столе Димитриевски кој игра во сениорската репрезентација на Македонија, Милош Станоeвиќ кој беше на проба во Црвена звезда, а има и неколку деца што играат во Вардар. Се надевам дека со макотрпна и правилна работа ќе имаме уште многу успешни фудбалери кои ќе играат на терените на домашните и светски клубови. Едукацијата е многу важна од најрана возраст на детето, понатамошниот развој зависи од тоа како ќе се усмери на почеток, - објаснува Маневски.
Тој како поранешен фудбалер вели дека за него спорт број еден е фудбалот и затоа им препорачува на родителите да ги усмерат своите деца кон најпопуларниот спорт, но смета дека посветеноста на било кој спорт е голема привилегија и предност за секој човек.
Спортскиот комплекс „Еуро-спорт„ се наоѓа покрај градскиот кеј, кај Митев мост.