×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фериз Дервиши прогласен за мисионер на мирот

    01.09.2016 14:23 | KumanovoNews

    Политичарот и бизнисмен Фериз Дервиши од Куманово е добитник на наградата мисионер на мирот што ја доделува Дипломатската мисија за мир и толеранција.

    Фериз Дервиши прогласен за мисионер на мирот

    Највисокото признание на оваа меѓународна организација се доделува на луѓе кои имаат посебни заслуги во зачувување на мирот и развој на демократијата во средината во кои живејат и работат.

    „Привилегиран сум што го добив ова признание и што некоја ги препознал и ги вреднувал моите заложби за зачувување на мирот и толеранција во изминатиот период. Ова признание не може да се спореди со ниту едно друго достигнување во мојот живот, ниту со било кое чувство“, - рече во своето обраќање Дервиши, кој се заблагодари за доделената титула.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, потсети дека Куманово е членка на Асоцијациата на градови на мирот, а со ова признание само се потврдува фактот дека во општината се негува мултиетничкиот живот и толеранција.

    „Наградата не е случајна. Нашиот сограѓанин во изминатите 16 години даде голем придонес во градењето на мултиетничкото општество. Имавме многу предизвици, и многу работи немаше да се завршат како што треба, но благодарение нашата соработка успејавме да ги сочуваме соживотот и продобивките на демократско општество. Израснавме во град на мирот“, - рече Дамјановски.

    Дервиши е сопствник на приватната фирма „Југо-фер“ и веќе 4 мандати е советник во Советот на општина Куманово.