Фото натпревар за еколошка визија во три слики
Европската агенција за животна средина распиша конкурс за фото натпревар, за еколошка визија за тоа како ќе живееме во 2050 година.

Натпреварот е со наслов “Слика 2015-живеј добро во рамките на границите на нашата планета“ и ќе трае до 15 август. Низ фотографиите треба да се прикаже дека во 2050 година живееме добро, во баланс со природата, каде нема отпад, природните ресурси се одржливо менаџирани, биодиверзитетот е заштитен и слично. Учесниците треба да се постари од 18 години. Најдобриот сет од 3 фотографии ќе добие 2000 евра, втората награда 1500 евра, третата 1000 евра и четвртата 500 евра, како најдобро избран сет од јавноста и младината.
Повеќе информации за натпреварот има на веб сајтот на Министерството за животна средина.