×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ги врзале со кабел, ги ограбиле и побегнале со нивниот автомобил

    03.01.2017 14:28 | KumanovoNews

     Вооружени разбојници нападнале и ограбиле двајца кумановци откако ги врзале со кабел на викендичка во кумановското село Зубовце, а потоа побегнале со нивниот автомобил.

    Ги врзале со кабел, ги ограбиле и побегнале со нивниот автомобил

    Нападот се случил вчера околу пладне,  кога З.С.(51) сопственик на викенд куќата и неговиот сосед Л.Д.(64) од Куманово, заминале на викендичката и на влезната врата ги пречекало непознато машко лице кое им вперило пиштол и наредило да влезат внатре. Заедно со уште едно непознато лице им пребарале по облеката и од З.С. одзеле околу 8.000 денари и мобилен телефон, а од Л.Д. одзеле околу 2.000 денари и мобилен телефон. Потоа со кабел им ги врзале рацете и нозете, и со колата „Рено Сеник“ на З.С. избегале.По неколку минути нападнатите успеле да се одзврзат, излегле надвор и од соседите побарале телефон и настанот го пријавиле во полициска станица. Од извршениот увид во викендицата, а по кажување на сопственикот од викендицата недостасуваат телевизор, сателитски ресивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.