Гимназијалците со повеќе награди на државен натпревар во стрелаштво
Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ на почетокот на месецов освоија повеќе награди на државниот натпревар во стрелаштво, кој се одржа во Охрид.

Од машка конкуренција Драгослав Бошковски се пласираше на седмото место, со освоени 156 поени, а Златко Јовановски беше осми со освоени 152 поени. Во женска конкуренција Ксенија Петковиќ беше седма со 156 поени.
Задоволен сум од резултатите на нашата екипа, но петте првопласирани се професионални стрелачи кои повеќе години се во стрелачки клубови и постигнуваат врвни резултати - рече менторот Драган Илијевски.
Се заблагодаруваат на општината и фирмата Босут кои им помогнале околу натпреварот.