Го прегазил трактор додека го поправал
04.03.2017 10:18
| KumanovoNews
Жител на кумановското село Косматац вчера бил прегазен од трактор додека го поправал.

Несреќата се случила во 11 часот кога Ранко И.(78) во својот двор работел на поправка на машината. Во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил старецот.
Од задобиените повреди Ранко починал на самото место.
Семејството повикало Брза помош, но екипата констатирала смрт. Од СВР Куманово извршиле увид на лице место при што утврдиле дека се работи за несреќен случај.