Го расекол со нож по стомакот
25.07.2016 11:09
| KumanovoNews
Кумановец се здобил со повреда на стомакот по расправија со сосед.

Инцидентот се случил вчера во 11.30 часот, додека Д.Ф.(34) од селото Лопате, седел во дворот со неговото семејство и роднини. Тогаш пристигнал Ќ.Д.(50) од истото село, кој без повод и причина почнал да вика и да ги навредува домаќините. Потоа извадил нож и го нападнал Д.Ф. нанесувајки му видлива повреда во пределот на стомакот, по што побегнал.
Откако се соземале од шокот, семејството го пријавило случајот во полиција.
Напаѓачот бил приведен во полициската станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.