Голем пожар во Матејче
25.02.2017 11:30
| KumanovoNews
Сува трева и ниско стеблести растенија гореле синоќа во реонот на селото Матејче.

Пожарот бил забележав во 18 часот, по што на терен излегла екипа на противпожарната единица Куманово.
Поради непристапен терен до самото место пожарникарите не можеле да интервенираат, па екипите се вратиле во 21.00 часот.
За пожарот биле известени вработените во Шумско стопанство и Дирекцијата за заштита и спасување.
Шумочуварите околу 23 часот успејале да го локализираат пожарот, а огнот целосно го изгаснал дождот кој паѓаше во текот на ноќта.