×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гореа ќебиња и чаршафи во Кристал

    27.06.2016 14:08 | KumanovoNews

     Стари ќебиња, крпи, чаршафи и полици во распаѓање, гореа на  последниот кат во зградата на поранешниот хотелот Криста, каде што се наоѓала некогшната пералница.

    Гореа ќебиња и чаршафи во Кристал

    Пожарот се појавил околу 11 часот, а локализиран за е 30-тина минути од противпожарната единица Куманово.

    „Нема опасност за проширување на пожарот и не е причинета голема матерјална штета. Пожарот е предизвикан од човечки фактор, а полицијата ќе утврди за што се работи, - изјави командирот на ТППЕ Деан Илиевски.

    Ова е четврто опожарување на хотелот, бидејќи тој е сврталиште на бездомници и корисници на дрога во градот.

    За хотелот Кристал и за другите угостителски објекти на А.Д. Бисерка, се води стечајна постапка, откако фирмата пропадна пред повеќе од една деценија поради матна приватизација. Имотот е оставен да пропаѓа без заштита на државата.