Гореше нискостеблеста шума над Никуштак
23.12.2016 17:06
| KumanovoNews
Вчера околу 16.15 часот на планината Скопска Црна Гора, над село Никуштак настанал пожар при што биле опожарени 30-40 хектари нискостеблеста шума, трева и папрат.

Работници од ЈП „Македонски шуми“ подружница Куманово биле упатени на местото за гаснење на пожарот.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.