Гореше управната зграда на Житомел
17.06.2016 16:52
| KumanovoNews
По која знае кој пат, попладнево повторно гореше управната зграда на поранешната фабрика за леб „Житомел„.
Пожарот е забележан во 16.45 часот, по што веднаш била повикана противпожарната единици. Со две возила и 6 пожарникари, по еден час огнот е ставен под контрола. Ова не првпат да се запали старата хартија и документи во управна зграда на фабриката, која е сврталиште на бездомници и корисници на дрога.