×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поскапуваат за два денари

    26.12.2016 12:25 | KumanovoNews

    Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Горивата поскапуваат за два денари

    Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,01, односно за 4,46 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС­95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС­98 ќе се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) за 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) за 42 денара за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 2,076 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М­1 НС и сега ќе чини 28,109 денари за килограм. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,83 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.