×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да се вклучат во чистење на снегот, апелираат од Општината

    05.01.2017 13:47 | KumanovoNews

    Општина Куманово ги повика граѓаните и сопствениците на деловните објекти да се вклучат во расчистување на снегот што го зафати градот.

    Граѓаните да се вклучат во чистење на снегот, апелираат од Општината

    „Апелирам до граѓаните и сите деловни субјекти и институции да се вклучат во справување со снегот. Јавните претпријатија и службите се во состојба на готовност и на терен, но сепак и граѓаните треба да помогнат и она што е нивна обврска да го исчистат снегот од тротоарите пред дуќаните и во дворните места. Ги повикувам и куќните совети да ги организираат станарите да се вклучат во расчистување на просторот околу зградите. Сите заедно да се справиме со најавените врнежи, - изјави вчера секретарот на општина Куманово Валентина Алексовска.

    Според Алексовка, граѓаните ќе можат на телефонските броеви  078/365-061, 195, 112 да ги пријават проблемите што ќе ги имаат во невремето.