×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалниците ја разгледуваа опасноста од појава на поплави

    16.02.2016 14:23 | KumanovoNews

    Градоначалниците од североисточниот регион денеска ја разгледуваа опасноста од појава на елементарни непогоди, на состанок организиран од Центарот за управување со кризи.

    Градоначалниците ја разгледуваа опасноста од појава на поплави

    Акцентот беше ставен на појава на поплави и одрони или лизгање на земјиште. Целта на состанокот е превентивно да се делува.

    Државната и локалната власт би требало координирано да настапуваат во превенцијата и справувањето со можни ризици и опасности. Покрај поплавите,  за овој регион карактеристично е и можни се одрони на земјиште, лизгање на терени кои често пати ни се  случуваат, особено кратовскиот, паланечкиот дел и кумановскиот регион, што би требало да се има во предвид - изјави Душко Петровски, раководител на сектор за операции и координација во ЦУК.

    Градоначалникот на Куманово,  Зоран Дамјановски рече дека проблемите нема да се решат со одржување на дебати, и ако има обилни дождови неизбежни се поплави.

    Мора да постои соработка меѓу секторите на локалната самоуправа и министерствата. За 5 поплави од Владата нема ниту евро исплатено за штети. Во многу цивилизирани општества како Германија не можат да се справат со поплави - рече Дамјановски.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски вели дека позитивно е тоа што после долги години кај нив се чистат каналите, а за штетите од поплавите вели дека граѓаните треба да ги осигураат своите имоти.

    Не сме научени да си го осигуруваме имотот. Не може државата да ни биде АД за осигурување. Да се надеваме дека ова ќе ги натера граѓаните да ги осигураат своите имоти - кажа Алексовски.

    Од ЦУК спомнаа дека важни во нашиот регион се и липковските акумулации, и за нив треба да се преземат мерки за заштита при прелевање или посериозни природни непогоди.