×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градот првоборец го прослави 11 Октомври на Спомен костурницата

    11.10.2016 12:57 | KumanovoNews

    75-годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Република Македонија, денеска  беше одбележа на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово.

    Градот првоборец го прослави 11 Октомври на Спомен костурницата

    Свежо цвеќе на споменикот положија државни и општински делегации, а за значењето на празникот зборуваше градоначалникот Зоран Дамјановски, кој повика на пожртвуваност и достоинство на младите во справување со современите предизвици во државата.

     „Од нашите нови, млади, образовани и современи генерации историјата не бара поднесување на човечки животи за доброто на народот, туку бара пожртвуваност, патриотизам и достоинство во решавањето на современите предизвици, кои се на патот на демократијата, правното општество и економската перспектива на Република Македонија. Држава на рамноправни, правдољубиви и слободни граѓани, а заради побрзо интегрирање со развиениот демократски свет во Европа. Нашата денешна заложба е да се зачува плодот на борбата започната во октомври 1941 година. Куманово секогаш во историјата знаеше да го покаже своето човечко лице, во војната и мирот. Од тие причини обврска на секоја генерација и на нашата на помладите генерации да им ги оставиме нашите колективни историски паметења во аманет, за да и тие на идните наши генерации од нашиот град и нашата држава да го одбележуваат истото,, - рече во своето обраќање Дамјновски.

    Куманово, како град првоборец за време на Втората светска војна даде 800 борци, а 8 се прогласени за народни херои. Еден од преживеаните борци е Љубомир Спасовски (96) од Куманово. Тој се сеќава дека кумановци масовно заминувале во партизани.

    „Јас заминав на 24 години, бев оженет и дома оставив жена и две деца. Бев во минерскиот батаљон и вршевме диверзантски дејствија на германската војска по сите козјачки села. Во партизанските одреди се вклучуваа деца од 17-18 години, некои беа мали и ги враќаа, - вели дедо Љубомир.

    Народното востание во кумановско започнало пред 75 години со излегување на двата партизански одреда Козјачкиот и Карадачкиот од месноста Менкова колиба и Студена вода, кои се судриле со бугарскиот окупатор. Брзо биле разбиени од посилната и вооружена војска, но тоа не ги поколебало кумановските борци подобро да се организираат и да ја продолжат својата борба до целосно ослободување од окупаторот.