×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Христос се роди! Навистина се роди!

    07.01.2017 13:06 | KumanovoNews

    Православните верници денеска го славата Христовото раѓање, првиот ден од големиот христијански празник Божиќ.

    Христос се роди! Навистина се роди!

    Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Со поздравот „Христос се роди – навистина се роди“, верниците си го честитаат денот на Христовото раѓање. Во црквите верниците палат свеќи, се молат за здравје и бериќет и ја споделуваат веста за тоа кому му се паднала паричката. Придржувајќи се до традицијата и обичаите, по 40 дневен пост, верниците празнуваат покрај богата мрсна трпеза.

    Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

    Во црквата „Свети Никола“ во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф отслужи света Златоустова литургија, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.