×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хроничните болни и бремните жени ослободени од работа поради студот

    09.01.2017 08:26 | KumanovoNews

    Бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст, денеска и утре да не одат на работа поради екстремно ниските темпреатури, препорачуваат надлежните

    Хроничните болни и бремните жени ослободени од работа поради студот

    Министерството за здравство препорачува, денеска и утре да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст, а за работниците на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по нивното здравје.

    Работниците, кои што работат на отворено треба работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.

    Препораките се однесуваат на целата држава со посебен акцент на Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион.