Хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите на Табановце
24.03.2016 09:48
| KumanovoNews
Два камиона со хуманитарна помош изутринава од Софија се упатени за бегалците и мигрантите во Транзитниот центар - Табановце, објавено е на веб-страницата на Владата на Бугарија.
Донацијата е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се прави во соработка со бугарскиот Црвен крст и бугарски компании кои доброволно обезбедиле прехранбени продукти и минерална вода.