И вечерва мирен протест низ Куманово
22.04.2016 20:13
| KumanovoNews
По четврти пат, по улиците на Куманово се одржа протестен марш на кој беше побарана оставка на претседателот Ѓорѓе Иванови и повлекување на одлуките за аблоција.

И вечерва протестот го организираше граѓанското здружение „Протестирам“ поддржано од невладини организации и опозициски партии.
Протестот започна пред Основниот суд Куманово, по што колоната граѓани се упати по улиците 11 Октомври, Трета МУБ и заврши на градскиот плоштад. Демонстрантите испишаа пораки на улиците „Нема правда, нема мир“. Протестот помина без инциденти, а граѓаните носеа македонски, српски и албански знамиња.