Им се заканил со нож за 300 денари
23.02.2017 13:13
| KumanovoNews
Кумановскатаполиција поднесе кривична пријава против У.Ф.(37) од Куманово, под сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Пријавениот пред два дена околу 10.30 часот во Куманово на ул. „Јоско Илиевски“ со закана со нож извршил разбојништво над С.М.(24) и нејзиниот 13 годишен син. Им побарал 300 денари, по што истите почнале да бараат помош, а пријавениот без да земе нешто избегал.