“Импресии“ на Марија Величковска во Крива Паланка
01.06.2016 10:08
| KumanovoNews
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура – Крива Паланка, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Импресии“ од авторката Марија Величковска од Куманово.

Изложбата е во организација и координација на НУ Центар за култура“Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Марија Величковска е родена 1974 година во Скопје. Средно уметничко училиште завршила во Скопје, отсек Применето сликарство. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов, со насока - Дипломиран сликар со модно креирање. Учествувала на повече изложби и колонии.