Инцидент на протестот „За заедничка Македонија„ во Куманово
21.03.2017 19:50
| KumanovoNews
На протестот „За заедничка Македонија„ во Куманово вечерва дошло до инцидент.

Како што неофицијално дознаваме, по завршувањето на маршот на кој биле и трактористи од селото Пчиња, дошло до физичка пресметка со неколку лица кои излегле од зградата на Комитет. Еден од трактористите се здобил со повреди и бил пренесен во Кумановската болница. Неколку лица се приведени во полицијата.
По инцидентот се собрала поголема група на луѓе кои протестираат и ја блокирале зградата на Комитет.