Исчезна 14 годишно девојче од Куманово
29.10.2016 15:37
| KumanovoNews
Малолетно девојче вчера исчезнало од домот на нејзините родители во Куманово.
Откако не можеле да ја пронајдат кај роднините и пријателите, за случајот ја известиле полицијата. М.Б.(40) од Куманово пријавил дека околу 01,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 14 годишна ќерка. Се превземаат мерки за нејзино пронаоѓање.