Исчезна 18-годишна девојка
21.12.2016 12:47
| KumanovoNews
Осумнаесет годишна девојка од Куманово е пријавена за изчезната во Кумановската полиција.

З.М.(18) од Куманово, во понеделникот во 11.30 часот излегла од дома и повеќе не се вратила. Откако сeмејството на успејало да ја пронајде кај роднините и пријателите случајот вчера го пријавиле во полиција.
Се преземат мерки за нејзино пронаоѓање.