Изгореа лозја во село Макреш
17.07.2015 13:12
| KumanovoNews
Лозја, сува трева и стрништа изгореа вчера во село Макреш, општина Старо Нагоричане.

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане го гаснела вчера од 14 до 18 часот. Зафатени биле три лозја со површина од околу 7 декари, и поголема површина на сува трева и стрништа во селото.