Изложба на цртежи и графики на Стефан Јакимовски
Во Изложбениот салон на Уметничката галерија Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и графики, со наслов “ Мостови“ на авторот Стефан Јакимовски.

На третата по ред самостојна ликовна изложба на авторот, ќе бидат прикажани 25 ликовни дела.
Стефан Јакимовски завршил Факултетот за ликовни уметности насока графички дизајн оддел во класата на проф. м-р Димитар Малиданов, кај истиот професор завршува и постдипломски студии во 2008 година на тема Мултимедијален пристап во графиката. Активен член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ, Друштвото на ликовни уметници на Куманово-ДЛУК.Фото кино клуб “Козјак” Извесен период работи како наставник по ликовно образование во ОУ”Крсте Мисирков”, како помлад уметнички соработник на Факултетот за дизајн и мултимедија, на првиот приватен уневерзитет ФОН, во 2015 е избран за вондреден професор.