Изложба на фотографии „Напуштени храмови“
23.06.2016 08:14
| KumanovoNews
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Напуштени храмови“ од авторот Стефан Шашков.

Оваа изложба беше презентирана во Њујорк и Струмица а во Куманово ќе биде поставена во периодот 24.06. - 06.07.2016.
Стефан Шашков е роден 1963 во Скопје. Дипломирал на Институтот за Историја на уметност и Археологија при УКИМ, во Скопје, 1991 година.