×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на колажи на Валентина Илијевска

    19.07.2016 08:30 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово  во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложба на колажи со наслов “Малото девојче во светот со големи очекувања за човекот“ од авторката Валентина Илијевска.

    Изложба на колажи на Валентина Илијевска

    Изложбата содржи 25 дела и веќе беше претставена во Скопје.    

     Валентина Илијевска(29) e родена во Скопје, а живее и работи во Куманово

    Завршила средно образование при ДСУПУ ,,Лазар Личеноски”-Скопје и дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ)- Скопје, оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски. Магистер е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство.

     Учествувала на повеќе изложби во земјата и странство, како и на ликовни колонии.

      „Изложбата е одраз на секојдневните случувања и нашите опкружувања. За падот на империјата со која раководат рациото и емоцијата. Помалку критикувани, а повеќе вреднувани со ликовниот јазик. Комбинираната техника во делата е симбиоза на сликарските техники, како пандан на затечената состојба на современиот човек...“- напишала авторката.

    Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.