Изложба на резби во дрво од Стоје Додевски
17.02.2016 09:55
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на резби во дрво од Стоје Додевски.

Изложбата носи наслов „Сеќавање“ и е посветена на прерано починатата сопруга на авторот Додевски, а се состои од дваесеттина резби работени на повеќе теми.
Стоје Додевски е роден во Куманово, во 1955 година. Тој е слободен уметник, а основни преокупации му се аматерскиот филм и театарската режија. Со копаничарство се занимава десет години.