Изложба на Сашо и Пандора Саздовски во Куманово
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, скулптури и инсталации на авторите Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска - Саздовска.

Проектот “Објекти” (скулптури и цртежи) на Сашо Саздовски се надоврзува на претходна серија “Разлики”. Фокусот на интерес на авторот е истражувањето, комбинирањето на каменот како природен материјал со плексигласот како вештачки добиен производ.
Инсталацијата на Пандора Садовска се поврзува со настаните кои се случуваа во Куманово и е приказ на детско игралиште за време на конфликт, водена од психолошкиот аспект говори за тоа колку војната и насилството влијаат врз децата и траумите како последица на истата.
Двата проекта во Куманово ќе бидат изложени до 20. декември.