Изложба на скулптури на Горан Ѓорев
17.03.2016 11:50
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утре ќе се одржи изложба на скулптури на авторот Горан Ѓорев.

Изложбата содржи 16 скулптури работени во мермер во последните неколку години. Оваа изложба беше претставена во НУ Центар за култура “Антон Панов“ – Струмица во текот на декември 2015 година. Горан Ѓорев е роден 1976 год во Кавадарци.
Делата ќе бидат изложени во изложбениот салон. Почетокот е закажан за 19.30 часот.