×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики “Минливи секвенци“ од Маја Јаќимовска

    13.09.2016 08:37 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово задутре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.

    Изложба на слики “Минливи секвенци“ од Маја Јаќимовска

    Изложбата содржи двесеттина дела, а ова е прво самостојно претставување на авторката.

        „Точката од којашто тргнува младата авторка Маја Јаќимовска во конципирање на својот творечки циклус со наслов “Минливи секвенци“ претставува една фасцинација од ефектите на артифициелното светло во ноќните услови како еден феномен којшто го продуцира човекот за своите потреби. Со таа пракса, всушност, современиот човек го покажува своето присуство во просторот во вечерните часови кога природната видливост е многу мала и кога треба тој негов  хендикеп на суштество програмирано со природни предиспозиции за делување во дневни услови да се надмине и овозможи непречено опстојување и работење во ноќниот период, - напиша Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

    Маја Јаќимовска е родена 1991 во Крива Паланка. Дипломиран сликар со модул графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје -2014 год. Во тек втор циклус на студии на Европскиот Универзитет во Скопје, На факултет за Арт и дизајн -насока графички дизајн. Добитник на втора награда на VII Студентско Интернационално Арт Биенале. Учествува на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 28 септември.