Изнесувал опрема и материјали од Кожара
27.11.2015 14:30
| KumanovoNews
Ј.М.(61) од Куманово , претставник на вработени од КПК „Куманово Холдинг“ АД во стечај, се товари дека изнесувал опрема и материјали од фирмата.

Тој во април 2013 година располагал со клучеви од магацини и заеднички служби, како и целокупна опрема за работењето, при што во неколку наврати незаконски изнесувал опрема и материјали и ја оштетил фирмата.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело затајување.