Извадено телото од бунарот
29.06.2016 14:13
| KumanovoNews
Екипа од специјалната единица на МВР, по 15 часот го извадиле безживотното тело на починатиот маж, но сеуште не е утврден неговиот идентитет.
Неофицијално дознаваме дека починатиот имал простерелна рана на главата, а околу бунарот имало крв. Бунарот бил поклопен со капак.
Од Основното јавно овинителство Куманово, информираа дека од лице место е подигнат доказен матерјал, биолошки траги и крв, кои се дадени на вештачење. Пронајдена е и една чаура.
Истрагата треба да утврди дали човекот починал од насилна смрт.