Јапонска донација за Куманово
Јапонија ќе обезбеди специјално возило за собирање на отпад, поради бегалската криза во државата.

„Владата на Јапонија одлучи директно да ги поддржи локалните власти во Куманово и Гевгелија, поради тековната бегалска/мигрантска криза во Македонија.Преку „Грант програмата за поддршка на мали проекти (GGP) “, Јапонија ќе помогне во набавка на специјализирано возило за отпад и контејнери за Општина Куманово и рехабилитација и обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија, - се вели во соопштението од Јапонската амбасада.
Одлуката за помош на двете општини е донесена во март годинава, а грантот е во износ од 150.000 американски долари.
Ова е четвра помош од Јапонија за бегалската/мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари или 4,2 милиони евра.