Јавно и политичко учество на жените Ромки
Невладината организација „Даја“, денеска започна со реализација на проектот „Јавно и политичко учество на жените Ромки“.

Целта на проектот е подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивната поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата.
„Проектот опфаќа истражување колку жени Ромки има во политички партии, колку на високи позиции и во институциите. Ќе имаме и обуки за жените, за оние кои се веќе во политичките партии и за они кои имаат желба да влезат во политички партии. Имаме предвидено средби со претставници на политички партии и др. активности, - вели Дилбера Камберовска, претседателка на Даја.
Досегашните искуства покажале дека жените Ромки речиси ги нема во институциите, а во општина Куманово нема вработен ниту еден Ром.