×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кабинет по моден дизајн донација од Германската амбасада

    11.10.2016 13:04 | KumanovoNews

     Со средства од Германската амбасада опремен е кабинет по моден дизајн во средното училиште „Перо Наков„ во Куманово.

    Кабинет по моден дизајн донација од Германската амбасада

    Вредноста на донацијата е околу 4.000 евра, а набавени се дваесетина штафелаи, кројачка маса, кукли, прибор за цртање и боење, матерјали, шкафови и столчиња. Проектот започнал да се реализира од јануари годинава.

    „Сметаме дека овие средства ги вложивме на вистинското место од т.н. мали проекти на амбасадата. Ви честитаме за досегашните награди и се надеваме дека ќе имате уште многу успеси и награди,- изјави заменик амбасадорот на Германија во РМ, Марко Акватици.

    Од Германската амбасада се посебно задоволни што успејале да дадат свој придонесе во подобрување на условите за настава во ова стручно училиште, поради тоа што знаат дека Куманово е град на текстилната и чевларската индустрија.

    „Опремувањето на овој кабинет значи многу за нашето училиште. Учениците добија современи услови за практична настава и поради тоа се многу мотивирани и креативни за работа. Во овој простор се чувствуваат како вистински дизајнери. Освен цртежи имаме и работилница каде ги шиеме моделите и имаме доста успешни модни ревии„, - рекоа професорките што работат со учениците.

    Во името на општината Куманово се заблагодари градоначалникот Зоран Дамјановски.

    „Се сконцентриравме на уредување на кабинетот за моден дизајн затоа што сакаме да произведеме и промовираме профили на луѓе кои се занимаваат со оваа професија. Овој кабинет ќе послужи за едукација на млади луѓе кои во иднина ќе промовираат и ќе го шират модниот бренд од Куманово„ -рече градоначалникот Дамјановски.

    Професорите побараа од претставниците на амбасадата да се направи соработка со некои германско училиште за размена на информации и ученици. Пред 2 години Германската амбасада обезбеди средстава за опремување на кабинет по козметика во земјоделското училиште „Киро Бурназ“.