Кај кумановец пронајдени 180 грама марихуана
28.03.2017 13:10
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Во петокот на обиколниот пат во селото Проевце, од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот и е пронајдена непозната растителна материја. Исто така, извршен бил претрес и во неговиот дом каде се одземени 187,02 грама наркотична дрога марихуана.