Кај охриѓанец најдена марихуана
19.04.2016 11:31
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.П. (37) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 01.04.2015 година полициски службеници во паркирано патничко возило го затекнале пријавениот заедно со три лица од Охрид, при што од извршен преглед над пријавениот пронајдени се 8,45 грама наркотична дрога марихуана.