Мени

Каменуван патнички воз на влезот на Куманово

26.03.2017 19:30 | KumanovoNews

На влезот на железничката станица Куманово вчера во 17.20 часот, непознати лица каменувале патнички воз кој сообраќал на релацијата Скопје-Табановце.

Каменуван патнички воз на влезот на Куманово

При нападот нема повредени лица.

Како што информира МВР, каменувањето е извршено на влезниот сигнал на железничката станица Куманово кај селото Черкези, при што е искршено едно прозорско стакло од врата, а напукнати биле и две стакла од вагон.