Каменуван воз во Черкезе
21.04.2016 09:55
| KumanovoNews
Вчера околу 17 часот каменуван е новиот воз број 2021, кој сообраќа на релација Табановце - Скопје по напуштањето на станица Куманово, во населбата Черкезе, пренесоа националните медиуми.

Од Македонски железници соопштија дека нема повредени, но од каменувањето направена е материјална штета односно напукнато е странично прозорско стакло на возот.