Камион удри во ограда
16.03.2016 16:10
| KumanovoNews
Камион напладне движејќи се по улицата „Доне Божинов„ во Куманово, спроти сервисот Висто, удри во ограда на куќа.

Сообраќајната несреќата се случи во 12.15 часот, кога возачот Н.К.(60) од Куманово, управувајќи камион сканиа со приколка од периферијата кон центарот на градот од непознати причини излетал од патот го поминал тротоарот и удрил во бетонскиот ѕид. Причинета е само матерјална штета. Поради извлекување на камионот од тротоарот сообраќајот на улицата Доне Божинов извесно време беше во прекин.